Малку слатки на ден не прават ризик од тешки болести!

Објавено на 26 мај, 2013 во 08:08

Оние кои секој ден се засладуваат со кекси, чоколада или десерт немаат поголем ризик од болести на срцето, дијабетес или дебелеење во споредба со оние кои се почестуваат само еднаш во неделата, покажала студијата спроведена над пет илјади луѓе од Американското Национално здружение на слаткари.

Научниците во неа не пронашле никаква поврзаност помеѓу редовното јадење слатки и слабото здравје, пишува Дејли мејл.

-„Индексот на телесна маса не  е поврзан со тоа колку често некој јаде слатки туку со вкупното внесување на калории во текот на денот. Умереноста е секако клучна и постои разлика помеѓу оние кои секој ден јадат мала чоколада и оние кои ќе изедат голема, изјави нутриционистката Мери Марфи.

Таа додава дека не постои врска помеѓу секојдневните слатки и покаченото ниво на холестерол во крвта.

Спрема податоците на американскиот институт за рак, слатките прават дури два отсто од вкупното внесување на калории кај луѓето т.е околу 44 калории на ден.

Во споредба со слатките, за здравјето и дебелината многу се погубни заситените масти, фаст фудот и слатките сокови, истакнуваат нутриционистите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.