Како да јадете повеќе зеленчук?
Ви претставуваме 6 начини да се убедите секојдневно да внесувате повеќе зеленило.
За појадок
Ако нема многу рецепти за појадок на база на зеленчук омлетот би можел да биде совршено решение. Наполнете го со спанаќ,кромид,пиперки и печурки и веќе сте на добар пат.
Пијте зелено
Ако водите сметка за нивото на холестерол користете едно цело јајце а за остатокот од омлетот белката. Ќе добиете многу протеини а малку маснотии.
Следниот пат кога ќе одлучите да испиете свежо исцеден сок уфрлете со овошјето и некој зелен лисест зеленчук. Да речеме уфрлете во блендерот заедно со зрнесто овошје и неколку шаки свеж спанаќ кој практично е без калории а преполн е со влакна,витамин А,Ц и К.
Вкусот ќе биде непроменет а вашето тело ќе има корист од тоа.
Сменете ги грицките
Морковот и гранчињата целер се одличен избор за ужина. Со исечкан морков на стапчиња послужете да речеме ѕаѕики салата од една краставица,кисело млеко,чешне лук и многу малку маслиново масло.
Удвоите
Следниот пат кога ќе правите сендвич удвојте ја количината на зеленчук кој го ставате во него. Одберете краставици,домати,пиперки,спанаќ,кромид,кисели краставички –што и да посакате.
Во сос
Иако сите сакаат сосови од месо со тестенините,можете да постигнете добра работа и вкус и со сосови од зеленчук.
Да речеме,исечкајте половина домат,додадете шоља печурки и динстајте на тивок оган. Додадете го омилениот сок од домат и сервирајте го со омилените интегрални тестенини. Со тоа можете да додадете и ленти од тиквичка кои ќе ги направете со помош на нож за лупење на зеленчук.
Не мрсен понеделник
Не морате да бидете вегетаријанец за еднаш неделно да јадете како да сте еден од нив. Направете пиперки полнети со компир или ориз за главно јадење за ручек и со секој оброк јадете по една голема чинија салата.