Јогурт два пати на ден ја „брка“ депресијата и влијае на мозокот!
Млечните производи со здрави бактерии ја намалуваат активноста во мозокот задолжени за болка и емоции па така пробиотиците ја намалуваат депресијата и служат како превенција,тврдат научниците од Универзитетот Лос Анџелес.
Тие откриле дека луѓето кои јогуртот со пробиотици го јадат два пати дневно имаат изменета функција на мозокот,пишува Дејли Мејл.
Во студијата на жени од 18 до 53 години им давале јогурт два пати на ден во еден месец а притоа со магнетна резонанса го скенирале нивниот мозок. Ги поделиле во три групи од кои првата јадела јогурт со живи бактериски култури како Bifidobacterium animalis, Streptococcus thermophilus и Lactobacillus bulgaricus, другата група јадела млечни производи без живи бактериски култури а третата група воопшто не земала млечни производи.
Резултатите од истражувањето покажале дека пробиотиците ја намалуваат активноста во мозокот задолжена за емоции. Механизмите задолжени за тие промени не се разјаснети но очигледно е дека бактериите во системот за варење испраќаат молекуларни сигнали на мозокот.
– „Она што го јадеме влијае на начинот како функционираме а неверојатно е дека може дури и да го менува расположението. Така јогуртот чува од депресија,додека типичната западна исхрана со полно маснотии,шеќер и јаглени хидрати го прави спротивното – изјавил водачот на студијата др.Емеран Мајер.