Каква храна е најдобро да се јаде?

Објавено на 1 септември, 2014 во 07:08

Ладен компир

Штом се сварат, клетките на скробот во компирот набабруваат и почнуваат да се распаѓаат, со што и полесно се варат. Но, ако се излади после варењето, скробот се претвора во облик кој е потешко да се свари. Меѓутоа, овој скроб, како и влакната  завршува во дебелото црево, па наводно делува во добрата регулација на цревата.

Морковите сепак е подобро да се варат во вода отколку на пареа

Во споредба со сировиот или морковот готвен на пареа, морковот кој се готви во вода има повеќе каротеноид – антиоксидант кој телото го користи за создавање на витамин А, важен за раст, репродукција, имунитет, здрава кожа, очи и коса.

Чајот треба да врие барем една минута

Знаете дека чајот содржи полифенол, антиоксиданси кои ги чуваат клетките на срцето? Тие се испуштаат само ако чајот одстои  од една до четири минут во врела вода.

Внимателно со шпагетите! тестенините немојте да ги преварите!

За среќа по нашиот метаболизам  тестенините имаат низок гликемиски индекс кој дава чуство на подолга ситост. Преварените тестенини имаат всушност спротивен ефект.

Јадете зелени банани

Скробот во бананите со текот на зреењето се претвора во шеќер. Затоа, колку бананата е позелена и незрела, содржи помалку шеќер и поголема количина на скроб .Повеќе скроб стигнува и до дебелото црево, а ние од него добиваме помалку калории.

Масло во салата

Најдобро ќе ја искористите салатата, ако малку ја прелиете со маслиново масло ил додадете авокадо кој содржи здрави монозаситени масти. На нашето тело му се потребни маснотии за да ги искористи хранливите материи кои ги има во зеленчукот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.