Лукот е добар и за кашлица
Со промена на сезоните, многумина се соочуваат со грип, настинки, кашлица. Додека лекарите препишуваат лекови против болки, ние ви откриваме како може само еден производ да ви помогне да го подобрите вашето здравје. Суровиот лук е еден од најдобрите природни лекови за одбрана од сезонските болести.
– Неколку чешниња лук голтнете после појадок. Не џвакајте, туку лукот голтнете го како пилула. Со ова ќе го подобрите имунолошкиот систем и да се борите против настинки и грип.
– Додадете го лукот во исхраната. Вашата исхрана ќе го подобри вкусот, ќе го поттикне варењето, и ќе ви го сочува здравјето.
– Загрејте масло од сусам, а потоа додадете неколку чешниња лук. Истурете во шише со капаче, и маслото користете го за масажа на градите кога сте болни и имате настинка.
– Згмечено чешне печен лук јадете со лажица мед пред спиење. Овој едноставен лек е одличен во борба против кашлицата.
