Здравје во капка маслиново масло

Објавено на 14 октомври, 2014 во 07:11

Секој знае дека маслиновото масло е најздравото масло. Најновите истражувања потврдија дека штити од хипертензија, но, исто така, носи  најголеми здравствени придобивки кога се комбинира со зеленчук.

Професорот Филип Итон од Кралскиот колеџ во Лондон, објаснува дека медитеранската исхрана надополнета со маслиново масло и ореви може да ја намали зачестеноста на кардиоваскуларни проблеми како што се мозочен удар, срцев удар или срцева слабост.

Медитеранската исхрана обично вклучува незаситени масни киселини се наоѓаат во маслиново масло, оревестите плодови и авокадо,зеленчукот како спанаќ, целер и морков, кои се богати со нитрити и нитрати. Кога се комбинираат овие два вида на состојки, незаситените масни киселини реагираат со азотните соединенија во зеленчукот што резултира со формирање на нитро масни киселини. Истражувачите откриле дека токму овие киселини го намалуваат крвниот притисок и  го штитат здравјето на срцето.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.