Со чај против рак!

Објавено на 30 октомври, 2014 во 08:19

Новите истражувања покажале дека пиењето чај е можеби најпаметната одлука во корист на подобрувањето на здравјето.

Нови објавени студии покажале дека чајот е одличен за губење на вишокот на килограми и го спречува настанувањето на ракот и другите хронични болести, а како додаток на сето ова е информацијата дека чајот го подобрува расположението!

Истражувањата објавени во списанието Medical News Today сметаат дека е небитно дали пиете ладен или топол чај, ефектот е ист. Научниците заклучиле, проучувајќи го полифенолот ( природната состојка на чајот ), дека тој го зголемува нивото на енергијата и ја топи маснотијата во организмот. Луѓето кои го консумирале зелениот чај изгубиле во просек 1,3 килограми во текот на 12 недели, при тоа внимавајќи на исхраната. Полифенолите од зелениот чај го намалуваат напредувањето на некои заболувања. Во една студија научниците воочиле дека од ракот на простатата заболело 3 % мажи кои секојдневно пиеле чај. Наспроти тоа, 30% мажи кои земале плацебо заболеле од ракот на простатата.

Студиите кои биле спроведени во Италија покажале дека црниот чај го намалува крвниот притисок и исто така го намалува негативниот ефект на премногу мрсниот и нездравиот оброк.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.