Домашен сок против висок притисок

Објавено на 15 мај, 2019 во 08:10

sok fin

Овој сок успешно ги симнува килограмите, го намалува притисокот и го зајакнува имунитетот.

Состојки:
4 средни моркови
2,5 см корен од ѓумбир
2 лимони (излупени)
2 чешниња лук
1 супена лажица јаболков оцет

Подготовка:

Ставете ги состојките во соковник. Сокот кој ќе го добиете пиете го два дена. Се пие три пати дневно. Остатокот чувајте го во фрижидер. Не смее да стои повеќе од 36 дена.

Морковот ги зајакнува ѕидовите на крвните садови и срцевиот мускул, го намалува нивото на лош холестерол и спречува мозочен удар, атеросклероза, проширени вени…

Ѓумбирот е најсилниот антиинфламатор. Коренот може да ги ублажи болките во мускулите и да го подобри варењето. Ѓумбирот го намалува крвниот притисок, го храни мозокот со кислород, богат е со витамини од групата Б, како и аскорбинска киселина. Ја забрзува циркулацијата на крвта, го подобрува метаболизмот.

Лимонот е извор на витамин Ц, го подобрува имунитетот, игра клучна улога во формирањето на колаген.

Лукот е клучна состојка на овој моќен сок. Тој е природен антибиотик и се користи за лекување на инфекции. Го намалува крвниот притисок, а исто така е познато дека се бори против ракот.

Јаболковиот сок е магичен еликсир богат со минерали и ензими, како и витамини. Помага во подобрувањето на варењето на храната, борбата против металоиди, регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.