УКЛО Битола организира вебинар на тема „Ментално здравје на студентите за време на Ковид – 19“
Објавено на 21 декември, 2020 во 13:10
21.12.2020
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола ќе организира вебинар на тема „Ментално здравје на студентите за време на Ковид – 19 “ кој ќе се одржи на 23 декември 2010 со почеток во 18 часот. Тема е ментално здравје на студентите за време на пандемијата.
Настанот е во организација на УКЛО – Битола, во соработка со Факултетот за безбедност- Скопје, Високата медицинска школа-Битола, активност поддржана од Национална платформа на Комората на психолози.
Онлајн вебинарот ќе го водат професорите: Драгана Батиќ, психолог- психотерапевт и Гордана Ристевска-Димитровска, психијатар.
Мите Јаначков