Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Press na veleski teatar fin

Претставата „Одам на лов“, напишана во 1892 година од францускиот автор Жорж Фејдо во режија на Деан Дамјановски, е комедија на вонбрачни заплети во која двајцата сопружници (парот Дишотел) решаваат, секој одделно, да направат брачна изневера. Но, сплетот на околности е таков што и пред двајцата се испречуваат мноштво пречки кои ги попречуваат да ги остварат своите намери, со што влегуваат од една во друга комична ситуација. Уметничкиот директор на велешки театар Васил Зафирчев рече дека Велешани треба да ја проследат претставата. 

- Затоа што е во духот на добрите убави комедии кои што се специфика на нашиот ансамбл и на нашиот театар. Станува збор за познато дело на француски комедиограф поставено многу пати до сега на многу светски сцени па дури и на сцената на нашиот театар пред три децении. Велешани можат да очекуваат една шармантна и забавна комедија, со габаритна сценографија, убави костими и многу атрактивна актерска игра, рече Зафирчев.

- „Одам на лов“ е осовременување на една класична комична фарса, во насока на излегување од нејзиниот херметизам и отворање кон актуелниот општествено социјален момент. Жанровски таа личи на своевиден телевизиски ситком, со сите негови типизирани ликови и заплети, но таков, во којшто на моменти гледаме од другата страна на кулисата, од другата страна на смеата, рече режисерот Дамјановски.

Во претствата настапуваат актерите: Маја Љутков, Фаик Мефаилоски, Васил Зафирчев, Самоил Стојановски, Жарко Спасовски, Кети Борисовска, Талија Настова и Исидор Јовановски. Драматург на претставата е Сашо Димоски, сценографијата е на Филип Коруновски, костимографијата на Елена Вангеловска, изработката на костимити е на Раде Василев, а изборот на музиката на Горан Трифуновски-Пајак.

Премиера на комедијата „Одам на лов“ e закажана за сабота, 14 септември со почеток во 20 часот.

Одам на лов е втора продукција на Велешкиот театар од Програмата за 2019 година поддржана од Министерството за култура. Првата реприза на претставата е закажана за 17-ти септемри во 20 часот./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

 
   
   
   
   

Најново