Издумани Етнокрлевизми: „Светот останува на младите. Македонија на пензионерите“

Објавено на 10 мај, 2024 во 09:59

Нови 25 издумани крлевизми овој пат напишани по народни поговорки. Велешкиот афористичар Крлевски овие афоризми ги нарекува етноафоризми и вели: „Читајте Етноафоризми, пишувани според народни поговорки од богатата македонска народна литература и уживајте во нивната духовитост“.

  1. Ако не посееш, ќе те жнеат!
  2. Мојот карактер тешко се вари, а сите ме јадат!
  3. На лагата не и личи ‘минич’. Кратки и се нозете.
  4. Нагоре високо – надолу длабоко, а средината не го прифаќа.
  5. Наместо: Лева рака – десен џеб!, денес важи: Со обете!
  6. Наша специјалност: добро поткованите да ги правиме магариња.
  7. Не се опивам дури ни од љубов. Од пијаниот сите бегаат.
  8. Некадарните ги зафатила паника. Господ одлучил веќе да не им прави гнезда.
  9. Од сите стари мерки најмногу е во употреба двојниот аршин.
  10. Од тиква без корен не бидува тикварник.
  11. Прашав паталец, а тој започна да ми гата?!
  12. Работам на себеси. Џабе работи-џабе не седи!
  13. Рани куче, да те каса!
  14. Додека три пати мерев, ми отсекоа половина од материјалот.
  15. Егоистот, сам си свири – сам си игра.
  16. Рибата смрди од главата, ама после мојот мандат.
  17. Садев тикви со ѓаволот, а тој ниту орал – ниту копал!
  18. Светот останува на младите. Македонија на пензионерите.
  19. Треба да изгориш за да се кренеш од пепелта.
  20. Условуваше со ,,кога ќе си го видам тилот“. Му донесоа две огледала.
  21. Враќаше со заб за заб, па сега носи вилици.
  22. Земјоделците и оваа година го обраа бостанот!
  23. И волкот сит и овците на број, но гладни.
  24. Имам современ комшија. Не сака да ми цркне кравата туку сите компјутери во куќата.
  25. Кај нас врбите не раѓаат грозје, ама лозјата ни се како жални врби.

Афористичар

Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.