Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

pochit za racin na lopushnik 1

По шест денови учество во планинарски марш од Велес до Лопушник, посветен на великанот Коста Солев Рацин, тринаесетте македонски планинари заедно со шестмината учесници задолжени за логистичка поддршка, како и учесниците во одредени рути, во четвртокот, на 13 јуни ,пристигнаа на местото на трагичното загинување на Рацин. Тие испешачија рута долга 170 километри поминувајќи низ населени места во општините Велес, Чашка, Долнени, Македонски Брод, Пласница и Кичево, за да го промовираат делото и значењето на Рацин низ овој дел на државата.

IgorSmilev fin

- Мотивот на маршот е да не се заборави најголемиот и најпреведуван македонски поет и еден од најсветлите ликови во нашата историја. Се уште живееме во реалноста за која пишуваше и живееше Рацин. Се потсмеваме на искрената љубов, и ги стигматизираме сиромашните и социјално нееднаквите. Неговите стихови не потсетуваат на нашата несовршеност и се уште неоткриен и неискористен потенцијал за искрена и безусловна љубов. Рацин останува да биде совршен спој на минатото и иднината во чиј лик и зборови можеме долго да гледаме без да ја наведнеме главата, рече Игор Смилев претседател на ЕГ „Грин Пауер“. Еколошката групација ќе предложи „Маршот за Рацин“ да стане традиционален.

pochit za racin na lopushnik 5 fin

pocitRacinLopusnik8

pocitRacinLopusnik9

На Лопушник, на учесниците на маршот, им се приклучија .делегација од Општина Велес предводена од градоначалникот Аце Коцевски, претставници на Општина Кичево, Сојузот на борците, на АРМ, на јавни институции и организации. Тие, положија свежо цвеќе и запалија свеќи на спомен обележјето посветено на Рацин.

pocitRacinLopusnik6

pocitRacinLopusnik3

Во чест на основоположникот на современата македонска литература беа читани негови стихови како и наградени творби на ученици од ООУ "Славко Лумбаровски" од општина Новаци. Училиштето, наградените како и сите пристигнати ученички творби, од наградниот литературен конкурс кој во чест на Кочо Рацин го распиша на тема „Твојот живот - наша светлина“ ги собра во училишна стихозбирка. Опеаната љубов на поетот кон неговата муза Раца, љубовта помеѓу луѓето, за која учениците пишуваа, како и почитта што ја негуваат кон ликот, делото и творештвото на Кочо Рацин, претставуваат голем поттик за младите генерации во државата, констатира учесниците на годинешното чествување на Лопушник. Во нивните сеќавања се врежаа и зборовите на учесник од Кичево, кој самоиницијативно се приклучи на маршот, а ги изговори пред спомен обележјето: „Рацин е единствен што не обединува сите“.

smile fin

pocitRacinLopusnik10

Во маршот, со кој се одбележа 76-годишнината од загинувањето на револуционерот, поет, великанот Коста Солев Рацин учествуваа планинари на планинарските клубови и друштва ЗПЗП „Козјак 2013“ од Куманово, „Анапурна“ и „Петрикор“ од Скопје, „Волчко“ и „Турни ме да Кинисам“ од Битола и ЕГ „Грин Пауер“ од Велес. Маршот финансиски го поддржа Општина Велес како дел од програмата на годинешните, „56-ти Рацинови средби“./У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.