Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

BiljanaProevska fin

3.07.2020

Пишува Весна Коловска

Рецензираме текст со наслов: „Кандидатката за пратеник Билјана Проеска од редовите на ВМРО од Крушево осудена!“, со кој голо се пренесува нешто што претходно било напишано на социјалните мрежи, без почитување на новинарските стандарди и проверка на фактите.

Во овој случај сајтот пренесува коментар на корисник на Твитер

„Ова ли се тие чесни и честити луѓе на Мицкоски, нови луѓе со кои нуди обнова?! Кандидатката за пратеник Билјана Проеска од редовите на ВМРО од Крушево осудена!!! Докажан криминалец! Кој сака нека честита“(извор Твитер).

Во прилог на твитот е поставена пресуда на Основниот суд од Прилеп со 2015 година, со која кандидатката за пратеник од редовите на коалицијата „За обнова на Македонија“, Билјана Проеска, е осудена на три месеци затвор или една година условно за делото „Фалсификување исправа“.

Авторот на текстот, кој само го пренел напишаното на Твитер, не го проверил Изобрниот законик, со кој се регулирани условите за избор на пратеник. Во членот 7 став 3 од Изборниот законик (Сл. весник на Р Македонија бр. 72/2020 од 21.03.2020) пропишува:

„Кандидат за пратеник, член на совет и градоначалник не може да биде лице кое: – е осудено со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор над шест месеци, чие издржување се уште не е започнато и – се наоѓа на издржување казна затвор за сторено кривично дело“(членот 7 став 3).

Во случајот со Проеска, досудената казна, дури и да е активна, нема да биде пречка за кандидатурата, која поминала во Државата изборна комисија, која по службена должност проверува дали предложените кандидати од пратеничките листи ги исполчнуваат законските услови.

Вистиномер ја контактираше кандидатката за пратеничка Билјана Проеска, која рече дека фактот дека нејзината кнадидатура поминала во ДИК, е негирање на напишаното. До нашата редакција испрати Уверение за кривична евиденција од Основниот суд во Прилеп, со која се потврдува дека Проеска „нема обвинителен акти кој влегува во сила, ниту пак е донесена неправосилна осудителна пресуда“.

uverenie fin

Новинарот, особено во предизборие е должен да ги почитува основните новинарски стандарди, а во најмала рака, да ги провери двете страни и да ги истражи и провери фактите. Пресликување на напишано од социјалните мрежи е изразена практика, особено во деновите на предизборна кампања, главно од дигиталните медиуми, но доколку наводите не се проверат, тие често се дезинформации и манипулации.

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново