Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Gradsko1

Граѓани и верници денеска се собраа на мостот кај село Уланци во Општина Градско по повод осветувањето на водите и празнување на „Богојавление Водици“. Помеѓу четиринаесетмината мажи кои запливаа по крстот најсреќен беше Тоше Илиќ. Тој по седми пат годинава го фати крстот додека на неговата тајфа досега среќата и се насмевнала веќе 12 пати.

Тоше Илиќ е од Градско, на возраст од 29 години и пред две недели се ожени.

Тој ја прими наградата во износ од 15 илјади денари што му ја предаде градоначалникот на Општина Градско, Роберт Бешовски.

Gradsko6

- Им го честитам големиот христијански празник Богојавление - Водици на сите граѓани на општината. Нека е честит и вековит овој голем ден на крштевањето на светите води. Посакувам овој чин на соединување со христијанскиот симбол, со крстот и силата на верата што секој од нас ја носи во себе, да не обединат и да не соединат со трпение и разум, да ја засилат верата во нас за поубаво и посреќно утре. Нека е вековит и за многу години овој свет ден, рече градоначалникот Бешовски./У.Ј

Gradsko2

Gradsko3

Gradsko4

Gradsko5

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново