Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kavadarci13wwe

 

Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира жителите на Кавадарци за примена на почисто гориво и поквалитетни грејни тела за затоплување на своите домови, кои имаат повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, на жителите кои ќе купат енергетско ефикасни грејни тела (печки на палети и инвертер клими), ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на енергетско ефикасни грејни тела во висина од 50%, но не повеќе од15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Јавниот повик започна од вчера и ќе трае заклучно со 20.10.2018 година, а добитниците на субвенција ќе бидат познати на јавно извлекување.

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Кавадарци кои ќе купат енергетско ефикасни грејни тела за затоплување на своето домаќинство во период додека трае јавниот оглас.

На јавното извлекување право на учество ќе имаат и апликациите од првиот Јавен Повик од 06.08.2018 година за купување на енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година, а кои не се субвенционирани поради исцрпување на средствата предвидени со првиот Јавен повик.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во истиот.

Во јавниот повик е предвидено лицата што ќе аплицираат  да се жители на општина Кавадарци, да немаат добиено финансиски средства за набавка на енергетско ефикасни грејни тела од било кој извор во Република Македонија. Претходно домот да го затоплувале со печка на јаглен, дрва, нафта или мазут, а новото енергетско ефикасно тело да биде инсталирано на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот.

Од општината информираат дека за спроведување на активностите за реализација на јавниот повик, Градоначалникот на Општина Кавадарци ќе формира три комисии кои ќе бидат составени од три члена и нивни заменици. Комисиите по пристигнувањето на сите барања за субвенционирање доставени за времетраењето на јавниот оглас, со записник ќе го утврдат точниот број на пристигнати барања.

Извлекувањето ќе биде снимено и за истото Општина Кавадарци ќе има видеозапис и секој заинтересиран барател има право да побара увид во видеозаписот од извлекувањето за што треба да достави писмено барање до Општина Кавадарци.

А.Д

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

PITIJADAVELES1

Најново