Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

uciliste1 fin

Се пееше Македонска народна песна, се играше грчко оро, се танцуваше португалски танц и се рецитираа стихови од бугарски автори преку кои ученици од ООУ „Методи Митевски Брицо“ од Лозово со врсници од градовите Лариса во Грција, Португалија и од Хаџидимово во Бугарија учествуваат во проектот Мобилност, финансиски поддржан од програмата Еразмус плус. Поради состојбата со коронавирусот во Италија не се присутни само учениците од градот Боза, Сардинија.

Svetlana fin

- Сите ние учествуваме во проект со цел за промовирање на трајни европски вредности и на играта како вектор на учење. Така ги промовираме старите традиционални игри со кои се враќаме преку нив во нашите училишни дворови така како што играле нашите баби и дедовци. Ќе играме „Ала бала баба дала“, „Челик“, „Чомак“, „Криенка миженка“. Презадоволна сум од реализацијата на досегашните активности и на училишно и на европско ниво. Така ние го промовираме Лозово и се гордееме со традицијата и нашите детски игри, рече координаторот на проектот професорката Светлана Стојковска.

igraatnadvor fin

Реализацијата на проектот е голема обврска за еден директор но штом станува збор за дечиња и колеги од различни земји и тоа со цел да научиме повеќе едни за други тогаш тоа е богатство за училиштето и тимот што го имам, рече директорот Горанче Велков.

DirektorVelkov fin

-Со помош на европските проекти се стигнува до најдобрата промоција на училиштето, учениците, на Лозово како мала општина. Многу земји ќе слушнат за нас и ние ќе научиме за нив токму преку овие еразмус програми кои нудат можност за запознавање со европските вредности. Неопишливо е чувството кога ги гледаш децата и нивната сплотеност заедно да играат игри покрај различностите. Јас во моментов сум навистина среќна личност, додаде Велков.

kukickatanadvor fin

Професорката Евангелија Михаил од мало место во близина на градот Лариса, Грција е за прв пат во Македонија и е среќна што гледа дека сите се многу смирени, гостопримливи и гостољубливи иако е тука за прв пат.

Larisa fin

-И морам да кажам дека вашата влада беше многу во право кога кажа „Ние сме Македонија“. Преку Еразмус плус програмата само можеме да научиме дека не постојат никакви бариери како и дека воопшто нам не ни се потребни политичарите затоа што ние сме главни тука, ние и нашите деца, ученици. Кај нас во Лариса учениците имаат можност да играат многу на улица како со топка така и „криенка миженка“, додаде Михаил.

kabinetsoigracki fin

Професорката Заприна Глушкова од средното училиште „Никола Вапцаров“ од Хаџидимово, Бугарија и претходно била во Лозово па затоа го опиша како прекрасен дел од здрава животна средина.

Zaednicka fin

-„Народна игра“, „Криеница“, фудбал, кошарка, волејбол се игрите кои се играле во нашиот крај и тие се играат во сите земји партнери во овој проект само под различно име. Мартинките кои ви поделивме денеска се дел од легенда, многу стара во Бугарија, која раскажува за здравје и просперитет на тој што ги носи. Ние имаме игра „фрлам крпа“ во која може да се вметне мартинката. Ќе порачам да се почитуваме, сите ние сме народ , кој живее под едно сонце и најважно да бидеме обединети. Нема поубаво од тоа да бидеме деца, да се вратиме низ спомените во детството кога се чувствуваме топло и мило, додаде Глушкова. 

eu fin

Агустина Гомез доаѓа од северниот дел на Португалија и е среќна што е во Лозово но несреќна што традиционалните детски игри во сите земји се помалку заборавени.

Portugalka fin

-Ова е единственото нешто преку кое можеме да направиме промоција на тие игри и за момент да се чувствуваме вратени во традиционалните вредности. Овој проект иако ние сме сите различни, само затоа што доаѓаме од различни земји, треба да не научи да ги респектираме правилата на живот, да бидеме потолерантни и учениците да научат да ги почитуваат игрите на постарите генерации, додаде Гомез.

desa fin

tabli fin

Деновиве се во училиштето е прилагодено на промоција на земјите гости и на домаќинот. Во ходниците преку ѕидни весници, пораки, честитки а во кабинетите преку експонати на детска игра. Во училниците сите заедно учат и разменуваат искуства додека во училишниот двор и на спортските терени се играат детски игри.

cestitki fin

До недела ООУ „Методи Митевски Брицо“ во Лозово ќе биде домаќин на детските игри, насмевки, пријателства и другарства на партнерите во овој проект. Во сабота нивен гостин ќе биде и Атиџе Муратова ѕвездата на документарниот македонски филм „Медена земја“ со која ќе разговараат за зачувување на природата, за пчелите и медот произведен во Медена Македонија./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново