Се разгореа коледарските огнови низ маалата и сокаците во Велес
Граѓаните и на дождот што врне вечерва излегоа пред домовите. Како што налага старата традиција возрасните велешани ги наредија дрвата и го запалија огнот додека наоколу трчаа децата. Тие се највесели коледари вечерва на улиците во Велес што со нетрпение ги очекуваат толите коледарски колачиња. Нив ги месат и печат сите домаќинки, баби и мајки, почитувачи на традиционалното одбележување на Коледе. Штом колачињата се стават во рерна тогаш започнува подготвката на салатите од кисела зелка и вадењето на туршијата која во чинии ќе ја изнесат надвор на Коледето. Мажите веќе ја греат ракијата. Седнати околу коледарскиот оган, браќа, соседи и пријатели со чашка во рака ги пеат коледарските песни. И само во Велес тие се еротски или како што велешани ги нарекуваат мрсни песни. И сите имаат ист крај: „Ооо Коледе“.
Велешани веќе пејат:
„Пали огин, греј се, гледај п.чка, смеј се“
„Баба оди по Бабуна боса, боооса. Ја апнала за п.чката ооса, ооса. Дури дедо дотрча, на баба и отече. На дедо му рипна, на баба и го пикна.“
„Јанко петел јаваше, к… му се маваше, три жени го гледаа со п….. стрижени,
Јанковица викна, Јанко и го пикна! Ооо Коледе!
„Матен Вардар дотече, сандак п….. довлече, сите беа стрижени, само една не беше и таа се е….! Ооо Коледе!“
Којничани вечерва први ги запалија коледињата. Потоа огнот засвети и од кај Мегдан, од Бричкова чешма, од Бузаана, во Дворови, кај Варналиите, на Прцорек и низ улиците во новиот дел на Велес.
Доколку дождот престане тогаш Коледарите ќе седат и пеат до мугрите на новиот ден, оној што го најавува доаѓањето на Бадник.
Децата вечерва порано ќе си легнат затоа што нивно е бадникарското утро во кое со коледашките во раце и торбичињата преку рамена ќе тргнат во посета на домовите на велешани. Ќе им запеат коледарски мрсни песни а тие ќе ги даруваат со колачиња, ореви, бадеми, костени. Вака ќе го најават Рождеството Христово. /У.Ј