Учениците од петто А одделение во ООУ Јордан Хаџи Константинов Џинот во Велес нема да им се радуваат на сведителствата
Само на два дена од крајот на учебната година учениците од петто А одделение во основното училиште Јордан Хаџи Константинов Џинот во Велес останаа без својата наставничка. Нејзе ја заменил синот на директорката на училиштето, кој две и пол години е вработен како воспитувач во целодневниот престој. Родителите на осумаесетте ученици од одделението се жалат дека наставничката која ги учела децата изминатите три години добила отказ и таа нема да ги потпише нивните сведителства, туку само можела да присуствува на доделувањето на истите.
„Овој проблем ни се провлекува од трето одделение, никогаш не сме започнале како што треба и не сме ја завриле годината без проблеми. Секоја година ја почнуваме и завршуваме со трауми, со плачење, со несакање да одат на училиште. Децава го замразија училиштето. На родителски состанок ја повикавме директорката да ни објасни што се случува, но од нејзе не добивме никаков одговор и избегнува секаква средба со нас. Наставничката ја замени синот на директорката што мислам дека не е законски мајка и син да бидат вработени во една установа. Јас мислам дека се подготвува да ја замени наставничката Даниела. И лани се случи истото но ние родителите се побунивме и не се успеа во тоа“, рече Катица Арсовска родител.
Родителите се сомневаат дека директорката сака да го вработи нејзиниот син на местото на наставничката. Тие одбиваат да ги земат сведителствата на нивните деца доколку на нив не се потпише наставничката Даниела.
„Главната цел на директорката е тие сведителства да ги потпише нејзиниот син и да се заведе во книгата за да може од први септември да има поголеми привилегии да влезе на местото на наставничката , Како е можно да ги земеме сведителства потпишани од некој што не ги учекл нашите деца. П тој дури и не е наставник, тој е воспитувач во целодневенм престој“, рече Павле Тасковски, родител.
„Нема да дозволиме друг да ги потпишува сведителствата и некој друг да се потпише во главна книга“, рече Арсовска.
Директорката на училиштето Фиданка Ивановска вели дека во случајот со наставничката постапила според законот за работен однос и законот за образование. Таа образложи дека наставничката Даниела Тумбова била вработена со договор на одредено време како замена на директорката. Во нејзиниот договор стоело дека работниот однос и завршува со завршувањето на мандатот на директорката. Мандатот на директорката завршувал на 11 јули и токму поради тоа таа го раскинала договорот со наставничката која моментално го користи годишниот одмор. Таа вели дека постапила така за да го заштити своето работно место.
„Последниот договор склучен помеѓу наставничката даниела Тумбова и директорот како работодавец гласи работниот однос трае до завршување на мандатот на директорот и негово разрешување. Јас како директор морам да си го заштитам своето работно место, затоа што само еден ден ако го продолжам нејзиниоот работен однос, јас можам да го изгубам моето работно место. Уште четри години сум пред пензија , треба ли да го изгубам работното место, затоа што пет или шест родители решиле да го прават ова што го прават“, рече Ивановска.
На новинарско прашање зошто нејзиниот син ја заменува наставничката Тумбова, таа одговори дека тој веќе бил вработен во училиштето во целодневниот престој и бидејќи неговиот ангажман во престојот бил во обратна смена затоа ги пополнувал и часовите во паралелката.
Директорката категорично ги отфрли обвинувањата на родителите и тврди дека тие биле запознати со целиот случај а за тоа ги информирала на родителски совет и кај неа во канцеларија. Сведителствата на учениците од петто А одделение ќе ги потпишел вработен во училиштето кој таа лично ќе го одберела. Ивановска тврди дека и дала можност на наставничката Тумбова да учествува на одделенски совет и при формирање на оценките на учениците а исто така и да присуствува на доделувањето на сведителствата. Со тоа се согласила и наставничката која веќе потпишала изјава.
Со овој случај биле запознати и градоначалникот иопштинскиот инспектор за образование. Родителите ќе се обрателе и до министерот за образование./Д:С