Жежовски: Дервенската и Саботната вода, која изобилува со сулфур, повторно да бидат ставени во служба на граѓаните, таму да се изгради лековита бања
Длабоко уверени дека токму претстојните локални избори се момент кога Народното движење за Македонија треба да се појави како самостојна партија тие кандидираат вкупно со свои 12 кандидати за Градоначалници и 18 Лисити со кандидати за членови на Советите на Општините, рече на денешната прес конференција во Велес лидерот на партијата Проф. Д-р Јанко Бачев.
– Ние сме длабоко уверени дека е созреан моментот за нов политички избор во земјата дотолку повеќе што ние како граѓани сме сведоци дека 27 години две партии се менуваат на власт но, на државата не и оди добро. Затоа сметаме дека процесот што го започна Народно движење за Македонија, храбро, решително и во интерес на народот ќе придонесе да се разбие двопартизмот. Во овој момент сметаме дека се созреани сите услови и дека најпосле народот ќе им ја испорача пораката на двете големи партии што ја донесоа државата во така лоша состојба. Посебно на централно ниво бидејќи сите сме сведоци на сценарио што треба да зададе конечен удар на Македонија и на Македонците. Науката и цивилизацијата ги измислиле сите критериуми, начини и мерки како се една води една локална самоуправа во интерес на граѓаните па затоа сметаме дека е потребно чесно, одговорно работење. јас како претседател можам само да ветам дека советниците на Народно движење за Македонија ќе работат токму во оваа насока. Сега на потег се граѓаните, рече Бачев.
Домаќинско и чесно работење како и одвојување на политиката од економијата беа главните пораки до велешани на Панче Жежовски, носителот на Листата со кандидати за членови на Советот на Општина Велес од оваа парија.
– Ќе се залагаме безусловно да владеат економските законитости во стопанството кое е во колапс и пред да можеме да донесеме странски капитал и без кој не можеме да имаме перспектива за нашата општина. Како Советници, на полето на економијата и инфраструктурното уредување ќе се залагаме со цел да им оставиме на идните генерации среќна и пред се богата иднина. почнат да владеат законите во економијата За земјоделието, сточарството, овоштарството, лозарството, за аграрот кои повеќе години наназад се на маргините на животот во општина Велес. Ќе се залагаме извонредните климатски услови и природните богатства, кои нашето поднебје ги има во изобилство и до денес не е ништо сторено за нив, да се стават во служба на граѓаните и туристите. Дервенската и Саботната вода, која изобилува со сулфур, повторно да бидат ставени во служба на граѓаните, таму да се изгради лековита бања , привлечна за странски туристи. Исто така ќе се залагаме да се обноват изумрените занаети, кои се од национален интерес потоа за развој на руралните средини преку занаетчиство, угостителство, туризм и трговија. Општината да обезбеди извори за подобра социјална заштита на граѓаните. Да се подобри здравството и граѓаните да добиваат хумана, квалитетна и ефикасна услуга. Пензионерскиот дом под итно да се реновира и да биде отворен за пензионерите во Велес, селата да добијат водовод и канализација, да се изградат патишта до нив, а во градот да се намалат кружните токови кои не се функционални, за чисти брегови на реката Вардар, за легализација на дивоградбите и за двосмерно одвивање на сообраќајот на улицата Благој Ѓорев од пошта до кривината кон Болница, рече Жежовски
Доколку ја добијат довербата на велешани, тој, најави повеќе барања од видот каде завршиле парите со кој здружение на гра]ани требало да стави во функција пајтон што ќе вози низ велешките улици. Исто така најави и силна поддршка за младите во Велес за која, како што рече, бил задолжен кандидатот за член на Советот на Општината од нивната листа Александар Златаров, познат кајакар на диви води./У.Ј