Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Brasnarov fin

Великаните како Панко Брашнар ги испишуваат најсветлите страници на историјата на еден народ, рече директорката на Народниот Музеј на Велес , д-р Анита Василкова Мидоска на денешното чествување на 135 годишнината од раѓањето и 67 годишнината од смртта на народниот учител Панко Брашнаров.

midovska fin

-Денес стоиме пред споменикот на Панко Брашнаров - човекот кој македонската независност и слобода ја одбра за своја животна патека и кој во име на таа кауза не потклекнувајќи и борејќи се за своите идеи го вткаи духот на вечната борба на македонскиот народ, а на тој начин, чекорејќи по сопствениот живот низ една „калдрместа патека“ со подеми и падови. Желбата за слободна и независна Македонија е вечна парадигма на овој непокорен борец кој уште во мугрите на својот живот бил постојано присуен низ Македонија, почнувајќи од родниот Велес, преку Скопје и кумановските села до штипско Ново Цело каде што во сржта ја сфаќа значајноста на просветителството и знае дека идејата за слободен човек се кали во умот и мислата на детските глави, рече д-р Василкова Мидоска.

prisutni fin

На одбележувањето денеска во родниот град на Брашнаров беше положено свежо цвеќе и оддадена почит на неговото дело пред споменикот што се наоѓа во новиот дел на Велес.Букети цвеќе положија делегации на Општина Велес, семејството на Панко Брашнар, Сојузот на Борците на Велес,на АРМ и на локални установи.

elenaimilco fin

Потомците на Брашнаров, неговите правнуци Милчо Брашнаров и Елена Панова, повторно го потенцираа пренесувањето на моштите на великанот од гробиштата Мирогој во Загреб во Велес на кои треба да им претходи и постапка за идентификација.

Претходната власт ветуваше дека тоа ќе го стори но не го исполни ветувањето а сегашната досега не се произнела по ова барање. Инаку, семејството на народниот учител,  народен трибун и борец за социјални права, социјалист, член на КПЈ и делегат на конгресот во Виена во 1926, член на првиот основачки конгрес на ВМРО- обединета и потпретседател на Президиумот на АСНОМ, повеќе пати досега изјавуваше дека очекува неговите посмртни останки да бидат погребани во семејната гробница на Брашнарови во Соборниот храм „Свети Великомаченик Пантелејмон“./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.