Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ZAEV MARKARD1

Плановите за проширување на производните капацитети и за зголемување на бројот на вработени му ги соопшти сопственикот и во исто време и извршен директор на „Маркарт Македонија“ Харолд Маркарт на претседателот на Владата Зоран Заев. При денешната посета на Заев, на фабриката во индустриската зона во велешко Караслари, тој со Маркард разговарале за потребите на странските инвеститори од една и за владините поддршки и субвенции од друга страна.

- Ние сме многу задоволни и среќни што ја имаме оваа локација во Велес . Да тешко е секогаш да се најде добар и квалификуван кадар подготвен да раби.Многу е добро и ве охрабрувам за привлекување на понатамошни странски инвестции. Но исто така би сакал да нагласам да ги одржувате и да ги негувате постоечките странски инвестици затоа што можат да допринесат многу повеќе, рече Маркарт.

MARKART2 fin

MARKART3

Последната од повеќето владини мерки ,поточно субвенционирањето на придонесите доколку „Маркарт Македонија“ одлучат да им ги зголемат платите на своите вработени била само една од повеќето понудени можности од страна на претседателот на владата Зоран Заев.

ZAEV MARKART fin

- Ова е особено важно за оваа компанија бидејки вработува висококвалификувани работници, од електронската дејност во автомобилската индустрија што ги прав конкурентни на пазарот на трудот. Втората придобивка е што во разговор со нив, како странски инвеститори, можеме да ги слушнеме нивните потреби. Денеска имавме можност да разговараме , за она што ним им особено важно, за придонесување во одлукте за усовршување на Царинскиот систем, кој се адаптира на европските номенклатури и тарифи, за што ако владата направи чекори за воедночување со Европската Унија, тогаш тоа дефинитивно ќе ги мотивира сопствениците и менаџментот да реализираат втора, трета фаза на инвестициите и да одат понатаму, рече Заев.

MARKART4

MARKART5

„Маркарт Македонија“ е странска директна инвестиција во државата вредна 35 милиони евра. По пет години во фабриката во индустриската зона во Караслари работат 650 работници кои произведуваат електромеханички и електронски прекинувачи и преклопни системи за автомобилската индустрија и во индустриите за електрични алати и апарати за домаќинство. Овој германски инвеститор е подготвен и има план за инвестирање во нов развој на компанијата, преку директна поддршка и во образованиот систем наменета за креирање на стручни кадри што се појавуваат како потребна работна сила. „Маркарт Македонија“ работи пет години./У.Ј

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново