Старата Влада со ново задолжување од 49 милиони евра
Објавено на 2 мај, 2017 во 09:45
Министерството за финансии за денеска распиша нови аукции на државни хартии од вредност, на кои ќе бидат понудени шестмесечни, едногодишни и двегодишни записи, како и 15 годишна обврзница, во вкупен износ од над 49 милиони евра. Овие пари требаат за враќање на доспеаните долгови.
До крајот на месецот ќе има уште три вакви аукции, a Македонија ќе се задолжи 70 милиони евра.
Според податоците на Министерството за финансии Македонија должи четири милјарди и осумстотини милиони евра.
Експертската јавност со години изразувва сомнеж во пресметката на долгот од страна на владата укажувајќи дека долгот е многу поголем.