Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Висината на снежната покривка, утрово во 7 часот, изнесува 1см во Пожар, 2 см во Тополчани, Берово и Дебар, 4 см во Крушево, 5 см во Пожаране, 6 см во Лазарополе, 8 см во Маврово и Ѓуриште и  10 см во Крива Паланка.

Наврнатиот воден талог во литри на метар квадратен изнесува: 0 во Скопје и Гевгелија, 2 во Тетово, Струмица, Кавадарци и Дојран,  3 во Штип, 4 во Демир Капија, Пожар и Берово, 5 во Битола, Прилеп и Ѓуриште, 6 во Пожаране и Охрид, 7 во Крушево, Виница, Крива Паланка и Дебар, 8 во Тополчани и Лазарополе, 9 во Маврово  и 10 во Претор.

Исто така утрово се измерени минимални температури од - 6 во Маврово, -5 во Крушево и Лазарополе, - 4 во Пожар, - 3 во Тополчани и во Ѓуриште, - 2 во Пожаране, - 1 во Берово, Охрид, Претор и Крива Паланка, 0 во Прилеп и Дебар, 1 во Битола, Виница и Тетово, 2 во Штип и Куманово, 3 во Струмица, Скопје Петровец, Кавадарци и Скопје, 4 во Демир Капија и Дојран и 5 во Гевгелија.

Денеска времето е претежно облачно , во поголемиот дел од земјава врнежите престанаа.  Во североисточните и источните делови и тоа на повисоките места и планините  сеуште има повремен снег со слаб интензитет. Слаб снег има и во Прилеп. На некои повисоки места во источните делови има ниска облачност и магла со намалена видливост. Дува умерен до засилен северен ветер кој во Штипскиот регион повремено достигнува брзина до 60 км/час.

Времето денеска е променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, кој на моменти на повеќе места ќе достигнува брзина и над 80 km/h. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 1 до 8 степени.

Во Скопје е променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен  ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе достигне до 5 степени.

Времето во наредните денови ќе биде слично, до понеделник ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.