Временска прогноза
Објавено на 9 јануари, 2016 во 06:55
Од недела ќе преовладува променливо облачно време, повремено со локален дожд и со услови за магла по котлините.
До вторник ќе биде релативно топло, а од среда се очекува спуштање на дневната температура. Во вторник ќе започне да дува повремено засилен ветер од југозападен правец.
Денеска: Сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во западните делови од земјава.
По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла. Ќе дува слаб јужен ветер. Максимална температура до 10 степени.