СЈО блокирано – до избори останува без пари
Собранието не го донесе Буџет на Катица Јанева за 2016-та иако поминаа дваесет дена од новата година. Според информациите од Специјалното јавно обвинителство, нивниот финански план е усвоен од министерството за финансии и Владата, но од засега неразјаснети околности Собранието не го ставил на дневен ред-информира Алсат.
„Од информациите што ги имаме, Финансискиот план за 2016 на ова Јавно обвинителство е поминат во Министерството за финансии и Владата на Република Македонија и од нивна страна доставен до Собранието на Република Македонија на 05.01.2016 година. Воедно и од наша страна до Собранието на Република Македонија исто така доставен е Финансискиот план за 2016 година. Фактот што немаме одобрен буџет за 2016 година директно влијае и на сите тековни работи на ова Јавно обвинителство. Имено, без буџет не сме во можност да пристапиме кон вработувања на стручен и помошен персонал, а во прашање се доведува и намирувањето на тековните финансики обврски, кои се врзани со рокови и соодветни финансиски имликации за задоцнета реализација на обврските (камати и слично).“
Сега кога се распушти Собранието нема кој да го изгласа буџетот на Специјалното обвинителство, освен ако т.н времено собрание реши да заседава бидејќи и онака веќе против уставно заседава.