Павле Трајанов пред Уставен го оспори распуштањето на Собранието на РМ
Пратеникот Павле Трајканов од ДС, ја оспори пред Уставниот суд одлуката за одложено распуштање на Собранието. Според него, прекршен е членот 63 од Уставот кој предвидува рапсуштање на собранието 60 дена пред датумот на изборите. За Трајанов се доведува во прашање и изборот на Влада, изгласана од пратеници кои веќе донеле одлука за распуштање, јави 24 Вести.
Според Трајанов треба да се формира и анкетна комисија која ќе го разгледува спроведувањето на Пржинскиот договор, во која освен четирите партии ќе бидат вклучени и други, бидејќи како што рече, јавноста треба да дознае кој се залага за реформи, а кој опструира. Клучна грешка во политичкиот договор, за Демократскиот сојуз е што има фиксирано датум на избори.
Потребата од распуштање на Собранието, но за месец дена од сега, владејачката коалиција ја правдаше со обврските од Пржинскиот договор и итноста за решавање на политичката криза. Но за дел од пратениците и аналитичарите едностраните одлуки на власта може само да ја продлабочат кризата, ако опозицијата остане на ставот да ги бојкотира изборите.