ВМРО ДПМНЕ ќе блокираат крстосници и ќе протестираат пред Кривичен
Притворите за пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ се целосно неосновани, исто како што е неосновано обвинението за тероризам кое им се става на товар, ним и на лицата поврзани со настаните од 27-ми април. Случајот кој се води против 36-мината недолжни граѓани е чист политички прогон, кој не се заснова на правото и законите, туку на заканите и потребите на хунтата, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ поради оваа неправда која се случува останува на улиците се додека хунтата ги гази законите и се изживува со граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ денес ќе ги блокира следните крстосници во период од 15 – 17 часот:
– Крстосницата кај „Мавровка“;
– Крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Карпош;
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните“, се наведува во соопштението.