Облачно со северен ветер
Објавено на 5 февруари, 2019 во 08:32
Променливо облачно, во источните делови со подолги сончеви периоди, а во западните ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16 степени.
Во Скопје, умерено облачно со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постуден воздух, попладне и во вечерните часови врнежите ќе преминат во снег и на некои повисоки места. Наутро по котлините ќе има услови за појава на магла. Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури.