Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

cvekari fin

30.03.2020

Цвеќарите, свадбените агенции, производителите и увозниците на цвеќе, исто така, побараа да бидат дел од владините мерки за финансиска помош во време на епидимијата со „Ковид 19“. Здружени во Македонска цветна унија тие на јавноста и се обратија со соопштение во кое напишаа:

„Слушнете го и гласот на цвеќарите, свадбените агенции, производителите и увозниците на цвеќе.
Ние сме мали фирми од приватниот сектор ,кој во моментот немаме никакви приходи, и во овие тешки моменти за сите нас, објективно без политичка позадина се обраќаме до ВАС и бараме да не заборавите дека И НИЕ ПОСТОИМЕ !

ПОДАДЕТЕ НИ РАКА, ПОМОГНЕТЕ ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ОД ОВАА ГОЛЕМА КРИЗА ВО КОЈА ТОНЕМЕ СЕКОЈ ДЕН СЕ ПОДЛАБОКО И ИМАЈТЕ ВО ПРЕДВИД ДЕКА НИЕ И ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ЕПИДЕМИЈАТА ЌЕ ИМАМЕ ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ ВО ПЛАСМАН НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ.

ЗА ИДНИНА ВО КОЈА ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ЗАЕДНО ДА СЕ РАДУВАМЕ И СЛАВИМЕ ! ПОДАДЕТЕ РАКА !

Ние сме со Вас во сите ваши убави моменти, во вашето секојдневие , во вашиот дом и градина. Научно е докажано дека цвеќето го подобрува расположението, го олеснува стресот и го зголемува психолошкото здравје и нивото на енергија.
Не дозволувајте оваа кревка и убава гранка од стопанството да згасне.

Барања:
-покривање на бруто плати за времетраење на епидемијата
-покривање на придонеси за дополнителни три месеци
-дополнителни олеснувања за производителите на пролетен расад и режан цвет
ПОДАДЕТЕ РАКА !
МАКЕДОНСКА ЦВЕТНА УНИЈА
cvetnaunijamk@gmail.com“, пишува во соопштението на цвеќарите, свадбените агенции, производителите и увозниците на цвеќе.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново