Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

grckoMNR fin

Грчката влада донела одлука да протера двајца руски дипломати и да забрани влез на двајца други, обвинувајќи ги за обиди да се вмешаат во внатрешните работи на Грција, како и да го поткопаат Договорот за името со Македонија, известува грчкиот весник „Катимерини“.

Дипломатите се товарат за обиди да се извлечат и да се протуркаат информации, како и да се поткупат грчки официјални лица. Според високи извори во грчката дипломатија, Атина бара Грција итно да ја напуштат Виктор Јаковлев и уште еден човек од амбасадата.

Наводно имало бројни координирани напори да се засили руското влијание во Грција, меѓудругото и преку активностите на Империјалното православно палестинско друштво. Имало и јасна намера на Русија да се вмеша во сензитивното прашање за Договорот меѓу Грција и Македонија и да се влијае негативно врз грчката одлука на Балканот.

Од руското Министерство за надворешни работи денеска соопштија дека соодветно ќе одговорат на протерувањето на руските дипломати.

Според весникот, преку поткуп тие се обидувале да влијаат врз некои општини, некои митрополити од Грчката православна црква, како и да стекнат поголемо влијание на Света гора.

Извор: МЕТА

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.