Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Научици од Калифорнискиот институт за технологија објавија дека дошле до воодушевувачки податоци за постоење на деветта планета, која е лоцирана на работ на Сончевиот систем.

Се претпоставува дека џиновската планета, налик Нептун има орбита од милијарда километри од патување до Нептун, што практично значи дека треба 10 000 до 20 000 години за да стигне до сонцето.

Новото џиновско откритие е наречено “Планета 9″. Научниците тврдат дека сознанијата за планетата се засновани на математички и компјутерски модели и ќе биде видлива со телескоп во следните 5 години.

Според Браун и Батгин, кои го објавиле ова откритие во “Astronomical zurnal”, рекле и други телескопи да бараат девета планета во Сончевиот систем.

– Можевме и да молчиме и да ги поминеме следните 5 години во потрага на небото со надеж дека ќе ја најдеме, но повеќе сакам некој друг да ја најде пред нас, вели Браун.

Тој најавува дека  нема да има дебата како онаа за Плутон кога беше укинат статусот на планета во 2006-та година.

– Тоа се само претпоставки, ние пронајдовме гравитационен потпис на Планета 9, кој е сокриен на периферијата од Сончевиот систем, вели Батгин.

Браун И Батгин сметаат дека во Кајперовиот појас, област зад Нептун во која има многу ледени тела, постојат шест објекти кои делуваат како да се под влијание на споменатите планети.

 

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново