Во Франција пуштени рекордни 456 балони со топол воздух
Објавено на 1 август, 2017 во 11:55
Во воздухопловната база во местото Шамбле-Бисиер на североисточна Франција истовремено кон небото беа пуштени 456 балони наполнети со топол воздух, со што е соборен рекордот поставен на истото место пред две години, јави Би-Би-Си.
Во рамки на оваа спектакуларна глетка во воздухот биле пуштени балони со најразлични дизајни, вклучувајќи и џиновскиот смајли и кенгур.
Во пуштањето на балоните учествувале луѓе од 45 различни националности, а за сите балони да се најдат во воздухот биле потребни 45 минути.