Обама доби покана за поротник во Чикаго
Поранешниот претседател на САД Барак Обама се појави во Суд во Чикаго, како кандидат за поротник при избор на порота во еден судски процес.
Обама сепак брзо се замина од судницата, откако беше отфрлен по принцип на случајност, слично како и многу други потенцијални поротници, јави локалниот весник „Чикаго трибјун“.
Поранешниот претседател пристигна со колона возила придружуван од телохранители и беше пречекан од некои негови сограѓани кои бараа автограм.
– Благодарам на сите што сте судски поротници и на оние што се подготвени да го направат тоа – изјави поранешниот американски претседател.
Обама не е првиот американски претседател чие име излегува при жрепка за повикување на граѓани за учество во судски пороти. Неговиот претходник во Белата куќа Џорџ Буш се јави на повик за избор на порота во 2015 година во Далас, но исто така не беше прифатен за судски поротник.
Семејството Обама се уште живее во Вашингтон и откако заврши мандатот на Барак Обама во јануари годинава, но Барак и Мишел Обама поседуваат и куќа во Чикаго.