Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

youtube fin

Google официјално потврди дека става крај на апликацијата YouTube Gaming, која нема да биде достапна за корисниците од 30-ти мај.

 Причината за одлуката на компанијата, сепак, не е поврзана со откажување од гејмерскиот сегмент. Google потврди дека сите гејминг содржини, достапни во апликацијата за мобилни уреди, се уште ќе бидат достапни на YouTube.

Нивните планови предвидуваат да изградат уште поголем екосистем на љубители на игри во самиот видео сервис. Запирањето на YouTube Gaming ќе ги фокусира напорите на Google да привлече повеќе љубители на игрите кон YouTube, како и да ја претвори во поатрактивна платформа за гејмерите. Официјалната премиера на YouTube Gaming беше пред четири години, кога амбициите на компанијата беа да го претвори во посериозен конкурент на Twitch. Во ова време, Google направи многу напор да го смени интерфејсот и да го ажурира со многу нови функции и оригинална содржина.

На пример, во септември 2018 година, беше претставен новиот гејмерски хаб во YouTube Gaming, соопшти Polygon. Постоењето на дополнителна апликација за игри, го отежнува откривањето на содржината на самите автори. Google веќе ја повлече апликацијата од својата онлајн продавница,
како и од App Store.

Интеграцијата на гејмерски содржини директно во YouTube ќе ги направи авторите поизразени за другите корисници и ќе им дозволат да ја зголемат својата публика.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново