Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

samodoverba fin

Самодовербата е значајна за секоја личност. Пробајте ги предлозиве и измерете го ефектот.

1.Променете ја бојата на косата или направете нова фризура за да и дадете повеќе сјај на косата или само затоа што ви е потребна промена. Ќе се изненадите колку поинаку се чувствувате со новиот изглед.

2.Носите облека во која се чувствувате добро и му верувате на сопствениот вкус. Ако морате да се погледнете во огледало повеќе од трипати, преоблечете се.

3. Ако немате време да се грижите за ноктите и лакот за нокти, најдобро е да не ги лакирате. Скратете ги и обликувајте ги уредно. Рацете се дел од телото што најмногу ги забележуваме кај други.

4. Со храната внесувајте доволно антиоксиданси за да ја одржите телесната и психичката сила. Препорачана дневна доза е 60 мг витамин Ц, 8 мг витамин Е и многу бетакаротин од овошје.

5. Преземете ја контролота и веќе денес решете барем една од обврските што со недели намеравате да ги направите – на пример, отидете во банка или испратете ја даночната пријава.

6. Купете градник што совршено ви прилега. Ќе изгледате подобро и ќе се чувствувате многу попривлечна.

7. Дневно одделете 15 минути – без оглед дали сте вработени или не – за да размислите за приоритетите во остатокот од денот.

8. Изберете нов кармин за усните со силна боја – и не заборавете да се смешкате.

9. Прочитајте некоја убава книга, на пример биографија за личност од историјата на којашто и се восхитувате. Таа постигнала многу, значи можете и вие.

10. Орасположете се со парфем – немојте скапиот мирис да го чувате за посебни прилики затоа што тој и онака ќе испари. Употребете го и поправете си го расположението.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново