Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Лутите пиперчиња покрај тоа што летно време се одличен разладувач бидејќи го стимулираат потењето, тие имаат и многу предности заради кои треба да ги имаме на трпезата.

Децата кои имаат проблеми со концентрацијата, ќе го подобрат успехот, ако јадат лута храна, бидејќи лутото го стимулира мозокот. Лутите пиперки се идеални и кога имате грип и настинка зашто ги прочистува дишните патишта и го отвара носот, а ја намалува и зголемената температура.

Лутите пиперки исто така се добри и за жените со гинеколошки проблеми особено оние кои имаат нередовен месечен циклус, а причината е седечкиот начин на живот, неправилната и нецелосната исхрана, недоволното спиење и одморот. Го зголемуваат нивото на хормоните на задоволството ,ги смируваат нервите, ги намалуваат последиците од стресот и помагата за подобар сон.

Го топат вишокот килограми и помагаат во диетите,ја активираат циркулацијата, го нормализираат метаболизмот и помагаат да се исфрлат токсините. Со

Лутите пиперки исто така штитат од кардиоваскуларни заболувања и го намалуваат ризикот од срцев напад и мозочен удар,а го намалуваат и штетното влијание на лошиот холестерол.

Лутата пиперка помага уште при болести на респираторниот систем, го попречува развојот на дијабетес тип 2, атеросклероза на садовите, бенигните тумори, превенцијата на ракот, алергиските заболувања  и друго.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново