Зошто да јадеме лути пиперчиња?
Лутите пиперчиња покрај тоа што летно време се одличен разладувач бидејќи го стимулираат потењето, тие имаат и многу предности заради кои треба да ги имаме на трпезата.
Децата кои имаат проблеми со концентрацијата, ќе го подобрат успехот, ако јадат лута храна, бидејќи лутото го стимулира мозокот. Лутите пиперки се идеални и кога имате грип и настинка зашто ги прочистува дишните патишта и го отвара носот, а ја намалува и зголемената температура.
Лутите пиперки исто така се добри и за жените со гинеколошки проблеми особено оние кои имаат нередовен месечен циклус, а причината е седечкиот начин на живот, неправилната и нецелосната исхрана, недоволното спиење и одморот. Го зголемуваат нивото на хормоните на задоволството ,ги смируваат нервите, ги намалуваат последиците од стресот и помагата за подобар сон.
Го топат вишокот килограми и помагаат во диетите,ја активираат циркулацијата, го нормализираат метаболизмот и помагаат да се исфрлат токсините. Со
Лутите пиперки исто така штитат од кардиоваскуларни заболувања и го намалуваат ризикот од срцев напад и мозочен удар,а го намалуваат и штетното влијание на лошиот холестерол.
Лутата пиперка помага уште при болести на респираторниот систем, го попречува развојот на дијабетес тип 2, атеросклероза на садовите, бенигните тумори, превенцијата на ракот, алергиските заболувања и друго.