ЗГ „Бирлик Јекипе“ од Велес во партнерство со здружението „Златно перо“ од Битола: „Помалку храна на депониите а повеќе во домовите“
Здружението „Бирлик Јекипе“ од Велес во партнерство со здружението „Златно перо“ од Битола спроведува проект за поттикнување и влучување на граѓаните, на младите, бизнисите, граѓанските организации во дебата и кампања за намалување на количината храна која се фрла на депониите и за зголемување на помошта во храна за најсиромашните граѓани.
Во наредните неколку месеци ќе се зајакнува и омасовува мрежата,со нови граѓански организации, фирми,локални самоуправи од места кои до сега не се опфатени во мрежата на Банка за храна на Македонија,како и преку афирмирање на банкарството со храна преку креативна кампања /изработка и промоција на стрипови на тема од областа на Банкарство за храна.
Проектот се реализира во општините : Неготино, Градско кои се дел од Вардарски регион како и во Битола, во Новаци, во Демир Хисар и во Прилеп како дел од Пелагониски регион.
Освен преку награден конкурс за стрип „ПОМАЛКУ ХРАНА НА ДЕПОНИЈА А ПОВЕЌЕ ПО ДОМОВИТЕ“, граѓанските организации „Бирлик Јекипе“ и „Златно перо“ ќе реализираат посети во училишта во 6 општини каде што,ќе се организираат јавни информативни часови,на кои освен што ќе се промовира конкурсот и темата за стрип,ќе се промовира и идејата за банкарство за храна. Избраните дела од наградниот конкурс ќе се публикуваат во каталог, ќе се организираат изложби од пристигнатите стрип дела додека се одржуваат јавни промоции на банкарството за храна во шесте градови.
Исто така ќе се мапираат и ќе се проверува состојбата на корисниците на социјална помош, корисници на услуги на народните кујни и на хуманитарна помош.
Проектот „ПОМАЛКУ ХРАНА НА ДЕПОНИЈА А ПОВЕЌЕ ПО ДОМОВИТЕ“ завршува со еднодневен Форум за развој и проширување на мрежата на БАНКА ЗА ХРАНА на Македонија. Истиот ќе се одржи во месец јануари,2020 година кога ќе се презентираат искуства од досегашното постоење на Банката за храна , од потребата од донирање на вишок на храна и ќе се договараат идни активности.
Проектот е финансиски поддржан од Здружението ХРАНА ЗА СИТЕ- Банка за Храна на Македонија – Скопје преку финансиска поддршка од ЕУ преку ИПА програмата за граѓански организации и медиуми 2016-2017./У.Ј