Уште две нови експлозии во Брисел
Објавено на 22 март, 2016 во 08:59
Нападната е станицата “Мелбек” во близина на Европската комисија.
Две нови експлозиии ја потресоа станицата “Мелбек” на метрото во Брисел.
Главниот град на Белгија е во војна со тероризмот. Едната експлозија се случила до зградите на Европската комисија, на плоштадот “Шуман“, втората – во близина на предградието Моленбек каде беше уапсен терористот Салах Абдеслам.
Чад излегува од станици на метрото, соопштија очевидци.