По пет недели пливање куче стасало до брегот
Објавено на 22 март, 2016 во 09:20
Кучето коешто паднло од еден рибарски брод во водите на Пацификот, успеало по пет недели да доплива до брегот на Калифорнија.
Германскиот овчар по име Луна бил на бродот со својот сопственик кога паднал во океанот на оддалеченост од околу три километри од брегот на островот Сан Клемент во Калифорнија.
Се претпоставувало дека Луна се удавила, но таа успела да преплива три километри и да стаса до островот Сан Клемент кадешто се наоѓа воената база чии маринци и ја пронашле, пренесува „Скај њуз“.
Извор: Плусинфо.мк