Овошјето и зеленчукот го победуваат стресот
Резултатите од новото истражување ,објавени во списанието British Journal of Health Psychology, покажуваат дека зголеменото консумирање на овошје и зеленчук може да го намали нивото на стрес.
Сложените јаглени хидрати,кои се наоѓаат во нив,го поттикнуваат ослободувањето на серотонин а и останатите состојки,како што се витамини и минерали,одат во прилог на доброто расположение. Така на пример,флавоноидите и омега 3 масните киселини ја подобруваат концентрацијата,помнењето и расположението а ова истражување го потврдува и намаленото ниво на хормонот на стрес,кортизол.
Мастите и рафинираниот шеќер од друга страна ги нарушуваат функциите на мозокот,го зголемуваат ризикот од појава на депресија и нагли промени на расположението.
Дури и ако вашето расположение е добро и немате проблем со зголемено ниво на стрес,зголеменото внесување на овошје и зеленчук вашето расположение ќе го подобрат а дополнително ќе го намалат нивото на хормонот на стрес.