Издумани Крлевизми: „Криминалците не се раѓаат учени. И криминалот е школа.“
Велешанецот Атанас Крлевски денеска преку 15 од него напишани афоризми испраќа афористички поздрав на заедницата на верни читатели на Дума.мк. Вреди да бидат прочитани од вас:
„Пронајдов еден изгубен случај. Лесно се наоѓа сродна душа.“
„Мажите се дават и во плитко деколте.“
„Орелот е цар на небото, ама јаде и глувци!“
„Кога атеист се крсти, треба да се види зошто.“
„Подобро да се фатиш за сламка, отколку да те фатат на јадица.“
„Криминалците не се раѓаат учени. И криминалот е школа.“
„Лажам еколошки. Со чисти лаги!“
„Откако ќе се наспие, жена ми пати од несоница.“
„Парите ќе го спасат светот. Кога нема да постојат.“
„Сексот позитивно влијае на здравјето. Па, ајде после не пукај од здравје!“
„Потекнувам од богато семејство – семејство со пет деца.“
„Стигнавме до дното, а таму жива песок.“
„Мајмуни бидете спремни! Од нас не бива луѓе.“
„Ме уби пребрз збор!“
„Мене љубовта воопшто не ме загрижува. Таа не доаѓа од мозокот!“
Афористичар, Атанас Крлевски