Др Анастасија Иванова именувана за директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес
6.05.2020
Дипломираниот специјалист по микробиологија со паразитологија др Анастасија Иванова е новиот директор на јавната здравствена установа. Неа на 30 април, годинава ја именувал министерот за здравство Венко Филипче.
Др Иванова е вработена во центарот во 2012 година како микробиолог додека во последните пет години е началник на лабораторијата.
Центарот за јавно здравје Велес е регионален поточно во негов состав функционираат единиците во Свети Николе, Кавадарци, Неготино и Гевгелија.
Др Иванова должноста ќе ја превзеде деновиве откако со досегашниот директор Тони Димитриев денеска се договориле во текот на утрешниот ден да направат примопредавање. Димитриев беше разрешен од директорката функција по утврдени пропусти во работата поврзана со справување со епидемијата на коронавирус од страна на Институтот за јавно здравје./У.Ј