Онлајн судење во кавадаречкиот суд во постапка за деца
Објавено на 29 мај, 2020 во 12:41
29.05.2020
Во кавадаречкиот суд денеска се одржа судење во постапка за деца согласно одредбите од Закон за правда на децата.
„
На судењето кое се одржа online, со воспоставување двонасочна аудио визуелна комуникација, учествуваа претставник на Центарот за социјални работи Кавадарци, Јавен обвинител и двајца бранители – адвокати на децата“ информираат од судот и додаваат дека согласно чл.92 од Законот за правда на децата, на претставници од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, им беше овозможено да го следат судењето online./А.Д