Eден нов заболен од коронавирусот во Велес
31.05.2020
Помеѓу вкупно 62 новозаразени со Ковид 19, денеска, има еден велешанец. Останатите се од градовите: Скопје – 24, Штип – 14, Тетово – 12, со двоцифрени додека со едоцифрени бројки новозаразени има во: Струга – 4, Гостивар – 3, Куманово – 2 и по еден во Кочани, во Валандово и во Велес.
Ова се резултати од последните 24 часа кога направени се 771 тестирања.
Институтот за јавно здравје соопшти дека денеска во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај. Евидентиран е пациент од Гостивар (64г.) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.
Во изминатите 24 часа Институтот регистрира 17 оздравени пациенти и тоа најмногу во Тетово – 9, во Скопје – 5 и по еден во Куманово, во Битола и во Гостивар.
Досега во земјата се направени вкупно 29575 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541./У.Ј