Од 91 изречена казна за не носење маски, во Велес се казнети 61 граѓани
19.06.2020
Вчера и денеска полицијата изрекла казни за неносење на заштитна маска на 61 велешани , на 14 кавадарчани и на 21 неготинци. Вкупниот број изнесува 91 изречени казни.
Во двата дена има 20 новорегистрирани лица со Решениe за изолација од кои 13 во Велес и седум во Кавадарци додека со Изјава за самоизолација, вчера и денеска, се 20 нови лица од кои 15 во Велес и пет во Кавадарци.
Според Секторот за внатрешни работи вкупниот број на лица со Решение за изолација изнесува 110 во овие три општини. Од нив 71 во Велес, девет во Кавадарци и 30 во Неготино. Вкупниот број на лица со Изјава за самоизолација изнесува 93 од кои 57 се во Велес, 22 во Кавадарци и 14 во Неготино.
-Полициските службеници вршат редовни контроли кај лица во изолација и самоизолација и нив ги наоѓаат дома што значи дека ги почитуваат мерките, рече Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес./У.Ј