Офицерски дом во Велес пред реконструкција
23.06.2020
Потпишан денеска е договорот помеѓу Општина Велес, како јавен партнер, со Друштвото за производство , трговија и услуги „Нексус Компани“ ДООЕЛ Велес. Според договорот за јавно приватно партнерство за реконструкција – ревитализација, оперирање, управување и одржување на Офицерски дом во Велес , приватната компанија со објектот ќе стопанисува 20 години.
Реконструкцијата на Домот треба да за врши за 12 месеци.
Привтниот партнер е обврзан да плаќа годишен надомест за концесија во висина од 88.200 евра без ДДВ, но првите пет години е ослободен од плаќање на оваа давачка.
Износот на концесијата е постигнат на јавно наддавање што се одржа на 19 Февруари 2020 година.
По истекот на рокот предвиден за реконструкција се очекува ова значајно место за граѓаните на Велес , да стане препознатливо место, не само за нив туку и за граѓани од сите краеви на земјава./Д.С