Општина Кавадарци ги повика заинтересираните граѓани да се пријават за учество во фаќање на потопениот Чесен Крст

Објавено: 15 јануари, 2026, во 11:03 часот

Пријавувањето на заинтересираните граѓани во прославата на Богојавление Водици поточно за учество во фаќањето на Чесниот Крст е во црквата ,,Св Димитрија’’, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев.

-Општина Кавадарци и годинава со црквите ,,Св Димитрија’’ и ,,Св Петка’’, ја продолжува традицијата за потопување на Чесниот Крст за прославата на Водици. По тој повод, упатуваме јавен повик до сите граѓани кои се заинтересирани да земат учество во одбележување на празникот ,,Богојавление – Водици’’, да се пријават во црквата ,,Св Димитрија’’. Покана и до сите кои сакаат да учествуваат на овој убав црковен чин да дојдат во Црквата ,,Св. Димитрија’’ и заедно со поворката и свештените лица, со литија да се упатат кон градскиот мост. За најсреќниот учесник кој ќе го фати крстот следуваат награди, додаде Јанчев.

Во Кавадарци настанот ќе се одржи, во понеделник, 19 јануари 2026 година, во водите на реката Луда Мара на градскиот мост на улица „ 7 Септември“. Потопувањето на крстот ќе се одржи во 11:00 часот, веднаш по одржувањето на божествената литургија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.