ССМ на протест пред Собрание: „Нема да дозволиме да се играте со работничката пот и мака од чии даноци зимате плата“

Објавено: 28 јануари, 2026, во 18:00 часот

Синдикатите излегоа на протест којшто започна од пред седиштето на и заврши пред Владата. Кога се најдоа пред Собранието оттаму се обрати претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Тој истакна дека работничкиот револт ќе биде пожесток и ќе следува генерален штрајк, ако не се покачат платите.

„Ќе собереме 10 илјади потписи и ќе бараме 80% да се намалат пратеничките плати, минималната плата да биде 600 евра, а другите да се качат за 6 илјади денари“, изјави Трендафилов. 

Трендафилов потенцираше дека не треба пратениците да се играат со работничката пот и мака од чии даноци тие земаат плата.

„Нема да се откажеме мора да ви биде јасно, нема да дозволиме да се играте со работничката пот и мака од чии даноци зимате плата“, потенцираше Трендафилов. 

Во завршниот говор Трендафилов истакна дека недозволиво е некој да користи политички поени на мака и солзи. За обичните работници јануари е најдолг месец, а за функционерите најкраткиот.

„Нема да ве молиме ќе се бориме“, ечеше слоганот пред Собранието од страна на граѓаните кои се наоѓаа пред Собранието.

Протестот на ССМ ја доби поддршката од Самостојниот синдикат на новинари на Македонија.

Извор: ТВ Телма

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.