Брзата храна го зголемува ризикот од депресија
Нездравата храна е лоша за нашето ментално здравје бидејќи изгледот за развој на депресија се зголемува за51 насто.
Долго знаеме дека брзата исхрана е лоша за линијата но новото истражување покажало дека таа лошо влијае и на нашето ментално здравје.
Хамбургерите,хот-дог или пици ја зголемуваат веројатноста за развој на депресија,пишува Дејли Мејл повикувајќи се на студија на шпанските научници. Тие откриле дека лицата кои често уживаат во fast food изложени се за 51 насто поголема веројатност да се разболат од депресија.
-Што повеќе јадете fast food, толку имате поголем ризик од депресија, вели Sanchez-Villegas Almudena кој го водеше истражувањето. Освен здравствени проблеми лицата кои често јадат fast food веројатно ќе бидат помалку активни.